ВОСПИТУВАЧ/КА
Скопје
- Organization: SOS Children’s Villages International
- Location: Скопје
- Grade:
-
Occupational Groups:
- Closing Date: 2025-11-28
СОС Детското село Скопје претставува дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. Делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.
Во рамки на единиците за организирано живеење со поддршка го прошируваме тимот со цел да обезбедиме поквалитетна грижа и поддршка на младите и вработуваме:
ВОСПИТУВАЧ/КА
📢 Во потрага сме по комуникативни, емпатични личности, сензибилизирани за работа со ранливи категории, со отвореност и толеранција кон различности, кои ќе ги поддржуваат и насочуваат младите без родителска грижа на возраст од 14-18 години во нивниот развој кон независност и автономија.
🚀 Нашите вработени во директна грижа се витален дел од нашиот тим, бидејќи ги поддржуваат децата и младите во истражување на нивните цели и соништа, да ги откријат и споделат нивните уникатни таленти и да бидат активни членови на заедницата.
📝 Клучни одговорности:
- Организирање на секојдневниот живот и активности со младинците,
- Поддршка при формално и неформално учење, рекреација и одржување на куќна хигиена,
- Градење стабилна, доверлива релација со младите,
- Улога на ментор и поддршка при транзиција кон независен живот.
🔍 Потребни квалификации:
- Завршено средно образование или високо образование од (предност со општествени науки)
- Искуство во работа со адолесценти (минимум 1 година ќе се смета за предност)
- Познавање на говорен и пишан англиски јазик
- Основни компјутерски вештини (MS Office, Интернет)
- Активен возач (Б категорија)
💼 Услови за работа:
- Работа на полно работно време
- Договор на 1 година
- Работа во смени (8 и 12 часовни) со ноќна работа (22.00 до 06.00) и работа на празници и за викенди, според однапред утврден распоред
- Континуирани можности за професионален и личен развој (обуки, активности за јакнење на тимот итн)
- Поддржувачка, инклузивна и фер работна средина
- Работа со јасна мисија и реално влијание
📅 Аплицирај најдоцна до 28.11.2025 година
💬 Зошто да се придружиш?
Ако посакувате работна средина во хуманитарна организација со интернационални стандарди во која ќе менувате животи и правите разлика во општеството, имате можност да бидете дел од нашиот посветен тим каде секој е почитуван.
Аплицирајте за да бидете витален дел од СОС Детските села и да помогнете во обликувањето на посветла иднина за младите!
🔒Напомена: Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа.
СОС Детскo селo практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади и се подготвени да работат согласно нив. Организацијата, исто така, се залага за унапредување на родовата еднаквост и активно придонесува кон одржување на родова рамнотежа во сите аспекти на своето работење.
Applications from non-qualifying applicants will most likely be discarded by the recruiting manager.