By continuing to browse this site, you agree to our use of cookies. Read our privacy policy

Советник/чка за заштита на деца и млади

Skopje

  • Organization: SOS Children’s Villages International
  • Location: Skopje
  • Grade: Level not specified - Level not specified
  • Occupational Groups:
  • Closing Date: Closed

 

1. Цел на работното место:

Советникот за заштита на деца и млади (ЗДМ) го води развојот и спроведувањето на процедурите за заштита на децата во организацијата. Тој/таа презема водечка улога во развојот на процедурите за известување и одговор поврзан со безбедноста на децата во склоп на организацијата. Тој/таа го гради капацитетот за ЗДМ во организацијата и обезбедува техничка експертиза на националните и тимовите во услугите за ЗДМ во спроведувањето на процедурите за ЗДМ. Тој/таа обезбедува соработка и размена на знаење помеѓу членовите на тимот.

Тој/таа ги поддржува Националниот директор, Директорот за развој на програми, другите национални функции и раководството на услугите во активностите за да се осигури дека децата кои директно и индиректно се згрижени и поддржани преку услугите и проектите на СОС Детско село се безбедни и заштитени.

Како член на регионална мрежа за ЗДМ, тој/таа споделува добри практики и искуства со други членки и придонесува за развој на ЗДМ во регионот.

Национален советник за ЗДМ е член на Националниот тим за ЗДМ (заштита на деца и млади).

 

2. Клучни области и задачи:

  • Обезбедува спроведување и целосна имплементација на Политиката за обезбедување безбедност на деца и млади (ОБД) во сите услуги и проекти во организацијата;
  • Обезбедува сите документи поврзани со обезбедување безбедност на деца да се усогласени со националната регулатива;
  • Го планира развојот на националните акции за обезбедување безбедност на децата за време на годишното планирање;
  • Одговорен/на е за обезбедување целосна имплементација на превентивни активности за подигнување на свеста за обезбедување безбедност на децатаво услугите, проектите на организацијата и Националната канцеларија;
  • Одговорен/на е за спроведување обуки за обезбедување безбедност на децата, за вработени и корисници во услугите, проектите на организацијата и Националната канцеларија;
  • Воспоставува процедури за известување и одговор за заштита на деца и млади на сите нивоа во организацијата во согласност со националното законодавство и минималните барања на документот за поддршка на политиката;
  • Одговорен/на е за воспоставување и функционалност на каналите за пријавување инциденти за обезбедување безбедност на децата;
  • Одговорен/на е за процесот на документирање на пријави за инциденти на насилство согласно предложени формулари и стандарди на Меѓународната СОС Организација. Води регистар на инциденти на национално ниво;
  • Одговорен/на годишна проценка на ризиците за Обезбедување безбедност на децата во сите услуги и проекти во соработка со директорот на установата, раководителите и менаџерите на проектите;
  • Обезбедува транспарентност на резултатите од проценката на ризици, ги адресира идентификуваните ризици и препораките за подобрување и креира мерки за обезбедување безбедност на децата и младите поддржани со услугите и проектните активности на организацијата;
  • Обезбедува учество на децата и младите во сите сегменти на имплементација на Политиката за обезбедување безбедност на деца и млади;
  • Обезбедува функционално работење на тимовите за Обезбедување безбедност на децата (ОБД) за секоја од услугите и учествува во менаџирање на инцидентите;
  • Член е на Националниот тим за ОБД и учествува во менаџирање на инцидентите;
  • Е национален фокал поинт и дел од регионалната мрежа на СОС организацијата за ОБД;
  • Одговорен е континуирано да ги следи новините од областа на ОБД во IOR (International Office Region) и да спроведува нивна имплементација во услугите на нашата организација;
  • Одговорен/на е за директна комуникација и информирање за инциденти на насилство до IOR (International Office Region) во случај на вклученост на GSC (General Secretariat);
  • Обезбедува објективен и професионален пристап во сите сегменти на имплементацијата на Политиката за обезбедување безбедност на деца и млади во интерес и целосна заштита на децата и младите кои се поддржани со услугите на организацијата или се во контакт со неа;
  • Одговорен е да пријави било какво сомневање за безбедноста на децата, како и загриженост, наводен ризик или инцидент веднаш, следејќи ги процедурите за пријавување на политиката за заштита од насилство. Пријавувањата за безбедноста на децата треба да се достават до тимот за заштита на децата од насилство на ниво на локација или до линискиот менаџер.

Закон за заштита на лични податоци

Го почитува и спроведува законот за заштита на лични податоци

Закон за здравје и безбедност при работа

            Ги почитува сите законски прописи во врска со здравје и безбедност при работа.

 

 

3. Вид и степен на стручна спрема:

  • Високо образование од областа на општествено-хуманистички науки;
  • Најмалку 2 години искуство во областа на социјалната заштита, детски и човекови права;
  • Добро познавање на англиски јазик, писмен и говорен.

 

4. Вештини (компетенции):

  • Одлични аналитички вештини и способност да сумира различни информации на јасен и концизен начин;
  • Способност за анализа на податоци, проектирање, следење и евалуација на активности;
  • Знаење и искуство во работа со деца и млади;
  • Вештини за организирање и спроведување на обуки;
  • Вештини за споделување на знаење и континуиран развој;
  • Одлични вештини за олеснување и координација на процеси;
  • Комуникациски вештини;
  • Вештини и знаење за пишување на извештаи;
  • Градење ефективни меѓучовечки односи;
  • Управување со конфликти;
  • Способност да работи самостојно, но и како член на тим;
  • Способност за работа под временски притисок;
  • Активно познавање на работа со компјутер.
This vacancy is now closed.