By continuing to browse this site, you agree to our use of cookies. Read our privacy policy

Стручен/на работник/чка за поддршка на згрижувачки семејства -Струмица

Remote | Струмица

  • Organization: SOS Children’s Villages International
  • Location: Remote | Струмица
  • Grade: Level not specified - Level not specified
  • Occupational Groups:
  • Closing Date: Closed

 

🌟 Секое дете расте во семејство, опкружено со љубов, почитување и чувство на сигурност.

     Ние создаваме семејства за децата во ризик, им помагаме да ја изградат својата иднина и придонесуваме за развојот на заедниците.

💪 СОС Детско село Северна Македонија го проширува својот тим во канцеларијата во

📍 Струмица (1 позиција)

      Имаме потреба од социјален/на работник/чка, психолог, педагог или специјален/на едукатор/ка - рехабилитатор/ка што ќе работи како поддршка на згрижувачките семејства.

📝 Клучни одговорности: 

  • Стручниот/та работник/чка ќе учествуваат во проценка на кандидатите за згрижувачко семејство и ќе спроведуваат советувања согласно проценети потреби;
  • Ќе врши редовен увид на спроведување на стандардите за задоволување на потребите на корисникот во згрижувачко семејство; 
  • Ќе одржува редовна комуникација со згрижувачките семејства и ќе ја координира мрежата за поддршка за згрижувачките семејства;  
  • Ќе одржува редовна комуникација со Центрите за социјална работа за потребите на згрижувачките семејства, старателот и водителот на случај за сместен корисник;
  • Ја води имплементацијата на Политиката за обезбедување безбедност на деца и млади.  

🔍 Што е потребно? 

  • Високо образование: социјален/на работник/чка, психолог, педагог, специјален/на едукатор/ка-рехабилитатор/ка; 
  • Работно искуство во областа на заштита на деца (социјална заштита) ќе се смета за предност;  
  • Познавање на законска регулатива за социјална заштита и семејство;  
  • Познавања на детските права; 
  • Активно познавање на работа на компјутер;
  • Возачка дозвола Б категорија (активен возач);
  • Добри комуникациски и организациски вештини;
  • Проактивен пристап кон работата, прецизност, аналитичност;
  • Способност за самостојна и тимска работа.

🚀 Услови за работа:  

  • Работа на неопределено време (прв договор во траење од 1 година, со можност за продолжување)
  • Континуирани можности за професионален и личен развој (обуки за професионален развој, тим билдинг)
  • Можност за работа од дома (1 ден во неделата)

📅Ве молиме испратете професионална биографија најдоцна до 17.03.2025 година.

Доколку сте подготвени да направите разлика во животот на децата и да придонесете за безбедна и негувачка средина, ве покануваме да се придружите на нашиот посветен тим. Заедно, да изградиме иднина каде секое дете ќе биде заштитено и ќе може да напредува. 

Аплицирајте за да бидете витален дел од СОС Детските села и да помогнете во обликувањето на посветла иднина за децата и младите! 

 

 

Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа.

This vacancy is now closed.