Телемаркетинг специјалист/ка
Skopje
- Organization: SOS Children’s Villages International
- Location: Skopje
- Grade:
- 
Occupational Groups:
- Closing Date: 2025-11-05
СОС Детско село Северна Македонија е дел од глобалната мрежа на СОС Детски села Интернационал – водечка меѓународна организација посветена на поддршка на деца без родителска грижа и семејства во ризик. Нашата мисија е да обезбедиме секое дете да расте во љубов, грижа и поддршка за да прерасне во самостојна и успешна личност.
Здружението делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.
Со цел јакнење на Одделот за фандрејзинг и комуникации, бараме одговорна и комуникативна личност за позицијата:
📞 ТЕЛЕМАРКЕТИНГ СПЕЦИЈАЛИСТ/КА
🎯Мисија на позицијата: 
Да се поддржи хуманитарната мисија на организацијата преку директна комуникација со индивидуалци и компании, со цел обезбедување донации и градење долгорочна поддршка за децата без родителска грижа.
🔹 Главни задачи и одговорности:
- Телефонска комуникација со потенцијални донатори
- Презентација на мисијата и проектите
- Поттикнување на донации преку емпатична комуникација
- Водење евиденција за повици и резултати
- Соработка со CRM тимот
- Следење на цели и подготовка на извештаи
- Извршување административни задачи
🔹 Потребни квалификации и вештини:
- Средно образование (минимум)
- 1+ година искуство во телемаркетинг, телепродажба или кол центар
- Искуство во непрофитен сектор ќе се смета за предност
- Одлични комуникациски и преговарачки вештини
- Емпатија, трпение и способност за градење доверба
- Основно познавање на CRM системи (Salesforce ќе се смета за предност)
- Добри компјутерски вештини (особено Excel)
- Тимска ориентација и мотивација за хуманитарна работа
- Прецизност, аналитичност и проактивност
- Добро познавање на англиски јазик
🔹 Работни услови:
- Договор на 1 година, со можност за продолжување
- Флексибилно работно време, со смени од понеделник до сабота
- Почетна обука и континуирана поддршка
- Мотивирачка и хуманитарна работна атмосфера
📧 Аплицирање:
Испратете ја вашата работна биографија најдоцна до 05.11.2025
🔔Придружете ни се и бидете дел од тимот што прави разлика!
💙 Ниту едно дете не треба да расте само! 💙
Напомена: Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа.
СОС Детскo селo практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади и се подготвени да работат согласно нив. Организацијата, исто така, се залага за унапредување на родовата еднаквост и активно придонесува кон одржување на родова рамнотежа во сите аспекти на своето работење.
Applications from non-qualifying applicants will most likely be discarded by the recruiting manager.