Советник/чка - Социјален/на работник/чка
Remote | Кавадарци
- Organization: SOS Children’s Villages International
- Location: Remote | Кавадарци
- Grade:
-
Occupational Groups:
- Closing Date: 2025-12-30
СОС Детско село Северна Македонија е дел од глобалната мрежа на СОС Детски села Интернационал – водечка меѓународна организација посветена на поддршка на деца без родителска грижа и семејства во ризик. Нашата мисија е да обезбедиме секое дете да расте во љубов, грижа и поддршка за да прерасне во самостојна и успешна личност.
За реализација на активностите од Проектот: „Право на семејство II“, се огласува нова позиција за 1 (едно) работно место:
СОВЕТНИК/ЧКА - СОЦИЈАЛЕН/НА РАБОТНИК/ЧКА
📍 Локација: Кавадарци
📌 Проект: „Право на семејство II – подобрување на достапноста, пристапноста и квалитетот на згрижувачките семејства и услугите во заедницата.“
📅 Рок на аплицирање: 30.12.2025
🎯КЛУЧНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
- Интервју и проценка на корисници за вклучување во програмата
- Спроведување процена на социо-економски статус и подготовка на социјална анамнеза и еко-мапа
- Поддршка при остварување на права и услуги за семејства во социјален ризик
- Организација на заеднички активности помеѓу родители и деца
- Индивидуално и групно советување за родителски компетенции и позитивно родителство
- Индивидуално и групно советување за јакнење на комуникациски вештини кај родителите и децата и семејна функционалност
- Соработка со институции, ЦСР и граѓански организации
🌟ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И КОМПЕТЕНЦИИ:
- Високо образование од областа на социјална работа
- Познавање на законска регулатива за социјална заштита и семејство
- Компетенции за креирање и спроведување на обуки
- Напредни познавања за детски права
- Познавање на англиски јазик и работа на компјутер
🧠 ЛИЧНИ ВЕШТИНИ:
- Тимска работа
- Одлични комуникациски и организациски вештини
- Проактивен пристап кон работата
- Емпатија и способност за градење доверба
- Активен возач
💼 ШТО НУДИМЕ:
- Работа во меѓународна организација со силна мисија и вредности
- Континуирани можности за професионален и личен развој (обуки, тим билдинг)
- Проектна позиција со договор на определено време од 1 година, со можност за продолжување до завршување на проектот (до 2029 година)
- 1 ден во неделата – работа од дома
📬 КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ:
Испратете професионална биографија најдоцна до 30.12.2025 година
🔔Придружете ни се и бидете дел од тимот што прави разлика!
💙 Ниту едно дете не треба да расте само! 💙
Напомена: Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа.
СОС Детскo селo практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади и се подготвени да работат согласно нив. Организацијата, исто така, се залага за унапредување на родовата еднаквост и активно придонесува кон одржување на родова рамнотежа во сите аспекти на своето работење.
Applications from non-qualifying applicants will most likely be discarded by the recruiting manager.