СОС Детско село Северна Македонија е дел од глобалната мрежа на СОС Детски села Интернационал – водечка меѓународна организација посветена на поддршка на деца без родителска грижа и семејства во ризик. Нашата мисија е да обезбедиме секое дете да расте во љубов, грижа и поддршка за да прерасне во самостојна и успешна личност.
За реализација на активностите од Проектот: „Право на семејство II“, се отвора нова позиција за 1 (едно) работно место:
СОВЕТНИК/ЧКА – ПСИХОЛОГ
📍 Кавадарци
🏡Проект „Право на семејство II“
📅 Рок на аплицирање: 08.02.2026 г.
Дали верувате дека секое дете заслужува да биде слушнато, разбрано и поддржано?
Ако во ова се препознавате - тогаш токму вие сте личноста што ја бараме.
🎯 ШТО ЌЕ РАБОТИТЕ?
- Индивидуално и групно советување со родители и деца
- Подготовка на психолошки наоди, мислења и процени
- Следење на психо-физичката состојба на корисниците
- Организација на групи за самопомош и заеднички активности
- Психо-социјална поддршка во кризни ситуации
- Соработка со ЦСР, училишта, институции и НВО секторот
🌟 ШТО БАРАМЕ?
- Високо образование – психологија
- Познавање на законската регулатива од социјална заштита и семејство
- Способност за подготовка и спроведување на обуки
- Напредни знаења за детски права
- Познавање на англиски јазик и работа со компјутер
- Активен возач
🧠 ЛИЧЕН ПРОФИЛ:
- Одлични комуникациски и организациски вештини
- Емпатија, професионализам и доверливост
- Тимски дух и проактивност
💼 ШТО НУДИМЕ?
- Работа во меѓународна организација со силна мисија и вредности
- Професионален и личен развој (обуки, тим-билдинзи)
- Договор на определено време (1 година) со можност за продолжување до крајот на проектот -2029
- 1 ден неделно - работа од дома
- Средина која го цени и поддржува вашиот професионален интегритет
- Програма за добросостојба на вработени
📬 КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ?
Пополнете апликација најдоцна до 08.02.2026 година
🔔Придружетенисеибидетеделодтимотштоправиразлика!
💙 Нитуеднодетенетребадарастесамо! 💙
Напомена:Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа.
СОС Детскo селo практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади и се подготвени да работат согласно нив. Организацијата, исто така, се залага за унапредување на родовата еднаквост и активно придонесува кон одржување на родова рамнотежа во сите аспекти на своето работење.