СОС Детско село Северна Македонија е дел од глобалната мрежа на СОС Детски села Интернационал - водечка меѓународна организација посветена на поддршка на деца без родителска грижа и семејства во ризик. Нашата мисија е да обезбедиме секое дете да расте во љубов, грижа и поддршка за да прерасне во самостојна и успешна личност.
За реализација на активностите од Проектот: „Право на семејство II“, се отвора нова позиција за 1 (едно) работно место:
СОВЕТНИК/ЧКА - СОЦИЈАЛЕН/НА РАБОТНИК/ЧКА
📍 Кавадарци
📅 Рок на аплицирање: 08.02.2026 г.
Дали верувате дека секое семејство заслужува поддршка, стабилност и шанса за подобра иднина?
Ако одговорот е „да“ - оваа улога е за вас.
🎯 ШТО ЌЕ РАБОТИТЕ?
- Проценка на корисници и подготовка на социјална анамнеза/еко-мапа
- Поддршка на семејства во социјален ризик при остварување права и услуги
-
Индивидуално и групно советување за:
- родителски компетенции
- позитивно родителство
- комуникациски вештини и семејна функционалност
- Организација на активности родител-дете
- Соработка со ЦСР, институции и граѓански организации
🌟 ШТО БАРАМЕ?
- ВСС - Социјална работа и социјална политика
- Познавање на законска регулатива за социјална заштита и семејство
- Способност за подготовка и спроведување на обуки
- Напредни знаења за детски права
- Познавање на англиски јазик и работа со компјутер
- Активен возач
🧠 ЛИЧЕН ПРОФИЛ:
- Одлични комуникациски и организациски вештини
- Емпатија, професионализам и доверливост
- Тимски дух и проактивност
💼 ШТО НУДИМЕ?
- Работа во меѓународна организација со силна мисија и вредности
- Професионален и личен развој (обуки, тим-билдинзи)
- Договор на определено време (1 година) со можност за продолжување до крајот на проектот - 2029
- 1 ден неделно - работа од дома
- Средина која го цени и поддржува вашиот професионален интегритет
- Програма за добросостојба на вработени
📬 КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ?
Пополнете ја апликацијата најдоцна до 08.02.2026 година
🔔Придружете ни се и бидете дел од тимот што прави разлика!
💙 Ниту едно дете не треба да расте само! 💙
Напомена: Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа.
СОС Детскo селo практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади и се подготвени да работат согласно нив. Организацијата, исто така, се залага за унапредување на родовата еднаквост и активно придонесува кон одржување на родова рамнотежа во сите аспекти на своето работење.