СОС Детско село Северна Македонија е дел од глобалната мрежа на СОС Детски села Интернационал– водечка меѓународна организација посветена на поддршка на деца без родителска грижа и семејства во ризик. Нашата мисија е да обезбедиме секое дете да расте во љубов, грижа и поддршка за да прерасне во самостојна и успешна личност.
Здружението делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.
📣 Вработуваме | Соработник/чка за бренд и комуникаци
СОС Детско Село Македонија оваа година одбележува 25 години посветена работа и влијание врз заедницата.. Во рамки на ова значајно јубилејно поглавје, го прошируваме тимот и бараме Соработник/чка за бренд и комуникаци кој/а ќе придонесе нашите приказни, вредности и резултати да допрат до пошироката јавност.
🔹 Клучни обврски:
- Поддршка во подготовка на комуникациски и промотивни материјали
- Координација на содржини и рокови со надворешна дигитална агенција
- Следење на календар за објави и комуникациски активности
- Поддршка при организација на настани и промотивни активности
- Административна и организациска поддршка на комуникациските иницијативи
🔹 Потребни квалификации:
- Образование или интерес во областа на комуникации, маркетинг, медиуми или сродна област
- Добри организациски и комуникациски вештини
- Креативност, одговорност и внимание на детали
- Способност за работа со повеќе задачи и почитување на рокови
- Проактивност и тимска ориентираност
🔹 Што нудиме:
- Можности за учење и професионален развој
- Работа во организација со силна мисија и вредности
- Програма за благосостојба на вработени
- Работа од дома (1 ден неделно)
- Работно време: понеделник – петок, 08:00 – 16:00
- Договор на 1 година со можност за продолжување
📩 Начин на аплицирање:
Испратете ја вашата работна биографија најдоцна до 26.02.2026
Напомена: Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа.
СОС Детскo селo практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади и се подготвени да работат согласно нив. Организацијата, исто така, се залага за унапредување на родовата еднаквост и активно придонесува кон одржување на родова рамнотежа во сите аспекти на своето работење.