✨ Зад секоја стабилна организација стои систем, ред и усогласеност.
📎 СОС Детско село Македонија објавува оглас за позицијата Соработник/чка за правни работи и HR оператива
Во СОС мисијата е насочена кон обезбедување безбедна и поддржувачка средина за децата и младите. За да се обезбеди квалитетно и законито функционирање на организацијата, потребна е личност која ќе ја води HR документацијата, ќе се грижи за процедурната точност и ќе обезбедува правна усогласеност во работењето.
Оваа позиција претставува клучна алка помеѓу човечките ресурси, управувањето и законската рамка во организацијата.
Клучни одговорности – фокус на HR оператива
Подготовка на HR документи: договори, решенија, одлуки, известувања
Обезбедување законска исправност на HR и организациска документацијата согласно ЗРО
Водење евиденции за систематски прегледи
Координација на документација и обуки за Безбедност и здравје при работа и Заштита на лични податоци
Правна усогласеност и поддршка на управување
Следење законски прописи и усогласување на интерни акти, политики и процедури
Подготовка и ревизија на правилници, одлуки, договори и анекси
Поддршка при инспекциски надзори и комуникација со надворешна адвокатска канцеларија
Администрација на седници на Управен одбор (агенди, записници, одлуки, архивирање и следење на имплементација)
Потребни квалификации
Високо образование од областа на правните науки
Минимум 2 години релевантно работно искуство во правни работи, HR оператива или усогласеност
Одлично познавање на Закон за работни односи, ЗЗЛП и БЗР
Способност за подготовка на прецизна деловна документација
Систематичност, одговорност и доверливост
Активно познавање на англиски јазик и MS Office
📅 Аплицирајте најдоцна до 27.02.2026 година
💬 Зошто да се придружите?
Ако посакувате работна средина во хуманитарна организација со интернационални стандарди во која ќе менувате животи и правите разлика во општеството, имате можност да бидете дел од нашиот посветен тим каде секој е почитуван.
Аплицирајте за да бидете витален дел од СОС Детските села и да помогнете во обликувањето на посветла иднина за младите!
🔒Напомена: Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа.
СОС Детскo селo практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади и се подготвени да работат согласно нив. Организацијата, исто така, се залага за унапредување на родовата еднаквост и активно придонесува кон одржување на родова рамнотежа во сите аспекти на своето работење.