✨ Зад секој добро организиран тим стои одличен Административен/а асистент/ка
Доколку сте личност што ужива во организација, документација и поддршка на тимови и сакаш да работиш во средина со општествено значење - оваа улога може да биде токму за Вас.
Здружението отвора позиција Административен/а асистент/ка, кој/која ќе обезбедува силна административна и логистичка поддршка за секојдневното функционирање на Националната канцеларија.
🗂️ Клучни одговорности
Административна поддршка
Управување со архивата согласно Законот за архивско работење
Подготовка, прием, архивирање и дистрибуција на документација
Навремено обезбедување потписи и тек на документи
Внатрешна и надворешна кореспонденција (е-пошта, телефон, пошта)
Организација и логистика
Организација на службени патувања (домашни и странски)
Координација на службени возила и логистика
Логистичка подготовка и поддршка на состаноци, обуки и работилници
Водење евиденција за опрема и канцелариски материјали
Поддршка на процеси
Поддршка во процесот на набавки
Комуникација и координација со добавувачи
👤 Кого бараме
Средно или високо образование
(администрација, менаџмент, општествени науки – предност)Искуство во административни или канцелариски работи
Одлични организациски вештини и способност за работа со повеќе задачи
Прецизност, доверливост и внимание на детали
Многу добро познавање на MS Office (Word, Excel, Outlook)
Добри писмени и усни комуникациски вештини
- Англиски јазик
🌱 Што нудиме
Работа во организација со силна општествена мисија
- Можности за професионален развој и учење
- Програма за благосостојба на вработени
- Работно време од понеделник до петок 8:00 - 16:00 часот
- Договор за вработување на 1 година (со можност за продолжување)
📩 Доколку се препознаваш во оваа улога, те охрабруваме да аплицираш и да станеш дел од СОС тимот.
📅 Аплицирај најдоцна до 25.02.2026 година
🔒Напомена: Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа.
СОС Детскo селo практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади и се подготвени да работат согласно нив. Организацијата, исто така, се залага за унапредување на родовата еднаквост и активно придонесува кон одржување на родова рамнотежа во сите аспекти на своето работење.